Мастурбација, сајбер секс и поза 77: Пандемијата диктира секс трендови за 2021

Мастурбација, сајбер секс и поза 77: Пандемијата диктира секс трендови за 2021

пред 3 години

Пандемијата, затворањето, повлекувањето во изолација, сето тоа влијае на сите аспекти од нашиот живот, па и на сексот. Новата година само што започна, па интересно е да дознаеме што велат експертите за тоа како ќе изгледа сексот во 2021 и што ќе се промени.

Мастурбација 

Карантинот и инсистирањето на физичка дистанца доведе до тоа луѓето да го земат сексуалното задоволство во свои раце и тоа буквално.Мастурбацијата е најбезбедниот начин да се задоволите, особено ако мора да се дистанцирате од партнерот.

За жените е многу важно што на овој начин го решаваат проблемот со достигнување оргазам во текот на класичен секс со пенетрација. Оргазмот на многу начини го подобрува нашето здравје, од подобрување на имунитетот до продукција на хормонот на среќа. Затоа е мастурбацијата многу важна.

Секс играчки

„Верувам дека луѓето во 2021 година повеќе од претходно ќе купуваат секс играчки. Многу парови се насилно одвоени едни од други поради вирусот, а жените кои порано очекуваа задоволство од партнерот, сега самите ќе се погрижат за своето сексуално задоволство“, смета eкспертката за секс, Тиоми Морган.

Поза 77

Општопознатата поза 69 доби сериозна конкуренција! Дали ќе се осудите да ја пробате позата 77?

Не грижете се, не мора да бидете акробати за да уживате во неа. Слична е на положбата „лажичка“, односно името го добиле според начинот на кој се соединети телата на партнерите додека се во таа положба.

За да ја постигнете оваа нумеричка екстаза, двајцата легнете така што партнерот ќе биде зад вас и обајцата гледајте во иста насока. Потоа ставете ги двете нозе околу горниот дел од нозете на мажот, а кога тој ќе влезе во вас, подигнете го задникот кон него.

Тогаш, само внимателно испружете ги нозете во агол од 45 степени од телото, но останете „заплеткани“. Полека движете ги колковите за да управувате со целото доживување. Оваа положба директно ја стимулира Г-точката.

 

 

Виртуелен секс

„Потребата да се збогати сексуалниот живот и да се прошират знаењата, како и сите ограничувања кои ги наметнува пандемијата, натера многу многу луѓе да се свртат кон интернетот и виртуелниот секс. Сè повеќе луѓе практикуваат дигитален секс со партнерите, настојувајќи на тој начин да го збогатат сексуалниот живот. Едноставно, љубовниците мора да се адаптираат на новата нормалност.

Многумина на интернет наоѓаат место и за своите скриени страсти и желби. Сајбер сексот има 4 главни карактеристики: анонимност, достапност, инспирација и интеракција.

Лабија – бакнеж

Имено,  “labia kiss”  како што го нарекуваат на англиски, или на француски “pompoir” е новиот тренд меѓу сексуалните трендови за 2021, а на мажите од ова задоволство може да им “експлодира мозокот”.

Тука не станува збор за класичен бакнеж, туку за бакнежи со срамните усни. Трикот е во тоа што жената го стимулира мажот со своите вагинални мускули кои ги стегнува и опушта, но секако, треба и самата да ужива во тоа.

Оваа техника жената може поуспешно да ја изведе доколку практикува Кегелови вежби или вежби за карлицата кои ги зајакнуваат потребни мускули. Доколку го практикувате овој секс тренд, дополнителна придобивка е што со самото тоа ќе ги зајакнете мускулите кои играат важна улога во постигнување на оргазам.

Постои и јужноазијска варијанта на “pompoir” наречена “kabazzah”, каде жената со контракции на стомачните мускули го надразнува мажот. Жените велат дека за оваа вежба се потребни години за да се усоврши бидејќи се смета дека ваквата техника е неверојатно тешка. Всушност станува збор за една варијанта на тантра чија цел е да го зголеми траењето и интензитетот на половиот однос.

Share
Scroll to Top