„Ме плаќаат помалку од тоа што вредам затоа што сум црна“ - Серена Вилијамс за расната дискриминација

„Ме плаќаат помалку од тоа што вредам затоа што сум црна“ – Серена Вилијамс за расната дискриминација

пред 4 години

Американската тенисерка Серена Вилијамс, иако е најплатената тенисерка на сите времиња, тврди дека повеќето луѓе никогаш вистински не ја третирале како најдобра во светот, само поради тоа што е црнкинка. Таа вели и дека поради бојата на кожата, компаниите ѝ плаќаат помалку отколку на белите спортистки и ја дискриминираат, но таа и покрај сè, никогаш не посакала да е бела.

„Целиот живот сум платена помалку отколку што вредам, никој не ме сакал и никој не верувал во мене, но никогаш не сум сакала да сум бела. Мојата постара сестра Венус повеќе им одговара на прифатените стандарди поради долгите нозе, поради ставата. На телевизија никогаш во прв план не биле луѓе што се градени како мене. Но, ова тело ми донесе кариера и победи,“ рекла таа.

Според процените, Серена Вилијамс е најбогатата тенисерка во историјата на тенисот со заработка од речиси 200 милиони долари. Од оваа сума, помалку од половината се пари што ги заработила од тениските турнири.

Серена со 93,5 милиони долари ја предводи топ-5 листата според заработката од турнирите во женска конкуренција.

Втора на таа листа е сестра ѝ Венус со 41,9 милион долари, трета е Марија Шарапова со 38,7 милиони, па следуваат Симона Халеп со 36,8 и Каролина Вознијацки со 35,2 милиони долари.

Share
Scroll to Top