Ме силуваше и ме сечеше по вагината: Есме Бјанко од „Игра на тронови“ го тужи Мерилин Менсон

Ме силуваше и ме сечеше по вагината: Есме Бјанко од „Игра на тронови“ го тужи Мерилин Менсон

пред 4 години

Британската глумица Есме Бјанко, која се прослави со улогата на Рос во хит-серијата „Игра на тронови“, поднесе тужба против музичарот Мерилин Менсон во која тврди дека ја силувал и дека  насилно се однесувал кон неа. Според Бјанко, Менсон во текот на сексот, без нејзина согласност ја удирал, гризел, камшикувал и ја сечел по задникот, градите и по вагината. Таа е 15. жена што го обвини Менсон за сексуално злоставување.

Бјанко тврди дека Менсон ја силувал во мај 2011 година. Во тужбата стои дека тој „со дрога и под закана ја принудил на сексуални дејствија, но и дека ја силувал додека била во несвест или во состојба во која таа не може да се согласи на таков чин“, пишува „Базфид њуз“.

Актерката тврди дека тој со измама ѝ ветил можност за работа во САД, за што знаел дека никогаш нема да се реализира.

Според тужбата, злоупотребата започнала во февруари 2009 година, кога Менсон ја одвел Бјанко до Лос Анџелес за да сними музичко видео кое никогаш не било објавено. По пристигнувањето, таа открила дека „не била присутна екипа за снимање и дека се очекува од неа да престојува во домот на Менсон, а не во хотелот кој претходно бил резервиран“.

Во текот на четиридневното снимање, кое Менсон го снимил со својот фотоапарат, наводно Бјанко цело време носела долна облека, ѝ било забрането да спие, ѝ давал дрога и алкохол, но не и храна. Во текот на снимањето, тврди таа, Менсон ја тепал и применувал електро шокови, ѝ се заканувал дека ќе ја силува, ја принудувал да гледа „екстремно насилен филм поради кој се онесвестила“ и се обидел да ја присили да има сексуални односи со друга жена пред камерата.

„Можеби најстрашното, г-дин Ворнер ја заклучи г-ѓа Бјанко во спалната соба, ја врзал и ја тепал со камшик за кој рекол дека го користеле нацистите“, се наведува во тужбата.

Актерката вели дека во тоа време не се противела затоа што се плашела од последиците, професионални и физички. Неколку месеци подоцна, во мај 2009 година, двајцата започнале сексуална врска, која била согласна. Во 2011 година, Бјанко дури и се преселила кај Менсон за да живеат заедно.

Познатиот музичар сѐ уште не се огласил по повод тужбата на Бјанко.

Share
Scroll to Top