Моден водич како да не се облекувате после 45-тата година

Моден водич како да не се облекувате после 45-тата година

пред 4 години

Некои знаци на стареење едноставно не можат да се сокријат.

Кога станува збор за модата, предност на жената постара од 45 години е идејата дека нејзиниот стил е веќе формиран, па мислењето на другите не е толку важно, а самата дама е сигурна во себе и знае како да ги изнесе парчињата кои добро им стојат.

Сепак, дури и на најдобрите им се случува да ги направат следниве грешки поради кои изгледаат смешно, а понекогаш и вулгарно и просто!

1. Светла шминка

Употребата на декоративна козметика со доста светли нијанси може да изгледа бунтовнички и атрактивно, но после 45-тата сепак е подобро да се свртат кон природноста. Мирните нијанси на ладни и топли бои деликатно ќе ги нагласат вашите најубави црти на лицето.

Внимателно користете ги седефските сенки. Средината на четириесеттите е време кога треба да заборавите на производите за самопотемнување, како и цртање на усните вон нивните контури.

2. Животински дезен

Во оваа старосна доба, облечете ткаенина во боја изгледаат најдобро. Дезените од диви животни треба внимателно да се дозираат. Ако не сакате да се откажете од овој популарен принт, вклопите го сведени, едноставни парчиња.

3. Облека со погрешна величина

Хармонија и биланс се најважни правила. Торбестиот модел нема да ви помогне дополнително да ги скриете недостатоците, напротив, дополнително ќе ви ги истакне. За вас не е најважно да ги следите трендовите, туку да го носите она што добро во стои, а такви парчиња има премногу.

4. Мини сукњи и длабоко деколте

Годините прво се забележуваат на рацете, колената и вратот. Тоа не значи дека треба да бидете покриени од глава до пети, но секако е време да заборавите на мини сукња и дегутантното длабоко деколте. Што се однесува до должината на сукњата или фустанот, најдобар избор се миди моделите или оние малку над колената, како и ракавите ¾.

5. Нов начин на комбинирање

Ако имате повеќе од 45 години, не значи дека треба да ја фрлите целата гардероба. Само треба поинаку да ја вклопите. На пример, од сега фармерките носете ги со лелеава кошула, наместо со тесна маичка вовлечена во пантолоните.

Share
Scroll to Top