Веднаш до воено-цивилната воздухопловна база и на местото на поранешниот полигон за тестирање на проектили во Вонсан во Северна Кореја, требаше да се изгради монденско летувалиште за локалното население, како и за други заинтересирани посетители.
Но, по пандемијата на коронавирус, одморалиштето Wonsan Beach се претвори во град на духови и бездомници.
Според јужнокорејскиот весник „Дејли НК“, бездомниците се единствените кои моментално ги посетуваат недовршените и запуштени хотели во провинцијата Кангвон долж источната страна на Корејскиот полуостров.
Повеќето од 150-те планирани хотели и згради се изградени во одморалиштето. Објектите немаат струја, прозорци и врати, ниту бојадисани ѕидови. Со оглед на тоа што нема контрола, не е чудно што одморалиштето е уништетно од човечки измет и остатоци од пожари.
Изградбата на Wonsan Beach Resort е инспирирана од изгледот на забавните паркови во Бенидорм, Шпанија, поради што многумина го нарекуваат севернокорејски Бенидорм.
Идејата да се создаде луксузно одморалиште се родила во 2017 година откако тимот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го посети одморалиштето Коста Бланка.
Ким Џонг Ун нареди изградба на одморалиштето, кое имаше премногу амбициозни рокови – прво требаше да биде готов во 2018 година, потоа во 2019 година и на крајот во 2020 година. Кога започна пандемијата, сите градежни работи беа прекинати, а се уште не се знае кога и дали воопшто ќе бидат обновени.