Мусака од стар леб - Reporter.mk

Мусака од стар леб – Reporter.mk

пред 3 години

Потребни состојки:

500 гр. мелено месо
половина бајат леб
4 јајца
100 мл. млеко
1 главица кромид
200 гр. кашкавал
1 лажица мешавина од зачини
масло
сол, мелен црн бибер

Начин на подготовка:

Во тава со загреано масло испржете го ситно сечканиот кромид. Додајте го меленото месо, сол и бибер. Во намастен керамички сад наредете ги парчињата леб. Преостанатите парчиња исечкајте ги и наредете ги во садот, така што целото дно на садот треба да биде покриено со леб. Ставете ја смесата од мелено месо и наредете го преостанатиот леб. Во еден сад ставете ги јајцата, додајте една лажица мешавина од зачини и изматете. Во смесата додајте го млекото и прелијте ги парчињата леб, а потоа изрендајте го кашкавалот одозгора. Печете ја мусаката во рерна на 200 степени додека не стане златножолта.

Share
Scroll to Top