Планетата за која научниците претпоставуваа дека постои во соѕвездието Еридан и која ја сметаа поврзана со планетата Вулкан од филмот „Ѕвездени патеки“, всушност не постои.
Сега велат дека е измамени од ѕвездениот спектар. Планетата ја поврзуваа со планетата Вулкан од „Ѕвездени патеки“ бидејќи се наоѓа на местото каде што беше замислена во серијата. За потсетување, од планетата Вулкан во „Ѕвездени патеки“ дојде еден од најпопуларните ликови, господин Спок.
Анализата на податоците користени за откривање на неколку егзопланети откри дека некои детекции на овие тела всушност биле лажно позитиви. Научниците сметаат дека исчезнале бидејќи најверојатно станувало збор за флуктуации на светлината емитирана од самата ѕвезда околу која тие орбитирале.
Претходно сметале дека флуктуациите биле предизвикани од страна на егзопланетата, се вели во научниот труд објавен во списанието Astronomical Journal.
Планетата во соѕвездието Еридан беше откриена во 2018 година и го доби името 40 Еридан Б. Тогаш научниците тврдеа дека орбитира околу ѕвездата 40 Еридан А и дека станува збор за карпеста планета која орбитира околу својата ѕвезда за 42 земјини денови.
Планетата беше откриена благодарение на карактеристиката позната како радијална брзина, која се манифестира преку флуктуации на брановата должина на светлината што доаѓа од ѕвездата, пренесува „Science Alert“.
Имено, планета која орбитира околу ѕвездата влијае на неа со својата гравитација и двете тела орбитираат околу заеднички центар на гравитација. Ова се манифестира со мала флуктуација во спектарот на светлината што ја емитува ѕвездата, што се случува кога планетата орбитира околу неа.
Астрономите тоа го забележале но, не е секогаш лесно да се издвои планетата од ова очигледно нишање. Ако има активност на површината на ѕвездата, како што се ѕвездени дамки, тие исто така ќе предизвикаат флуктуации во спектарот, кој е координиран со ротацијата на ѕвездата.
Токму тука се појави проблемот кога станува збор за планетата 40 Еридан Б. Времето на обиколување на потенцијалната егзопланета е многу слично со периодот на ротација на самата ѕвезда, помеѓу 37 и 43 дена. Сега научниците велат дека сигналот препознаен како егзопланета можеби всушност бил само сигнал за ѕвездената ротација и тие не можеле да го пресметаат неговото прецизно времетраење.
Во меѓувреме, некои научници тврдеа дека оваа планета всушност не постои. Сега научниците, предводени од физичарката од Државниот универзитет во Охајо, Катарина Лалиотис, проучувале 40 Еридани Б и други планети идентификувани врз основа на радијалната брзина и тврдат дека многу од сигналите за нивното постоење се всушност лажно позитиви.
Неколку периодични сигнали на ѕвездата, совршено се совпаѓаат со ѕвездената активност, како што се магнетните циклуси и ротацијата на ѕвездата, додека други не можат да се потврдат бидејќи областа на ѕвездата не може да се набљудува во значителен дел од Земјината година.
Затоа ги класифицираа како лажно позитиви. Исто така, научниците споменуваат и други егзопланети кои всушност се духови, односно веројатно не постојат, а биле откриени благодарение на радијалната брзина.
Според нивното мислење, такви егзопланети се HD 20793 c, позната и како „Супер-Земја“, потоа HD 85512 b, а сомнителен е и гасниот џин HD114613 b. Сепак, научниците велат дека идентификувале две нови егзопланети кои треба да се проучат за да се утврди нивната природа.
Станува збор за HD192310 RV сигнал IV и HD146233 RV сигнал III.
„Очекуваме откривањето и карактеризирањето на планетите слични на Земјата да биде многу тешко поради предизвиците што ги поставуваат ограничувањата на набљудувањето, систематиката на инструментите и што е најважно, варијабилноста на самите ѕвезди“, велат истражувачите.
Тие додаваат дека високопрецизното следење на радијалната брзина врз основа на ова откритие ќе овозможи карактеризација и потенцијално ублажување на проблемите со променливите ѕвездени сигнали, што може да доведе до откривање на моментално непознати планети.
„Знаењето како правилно да се моделираат и филтрираат сигналите на ѕвездите и планетите ќе биде од клучно значење за сите идни напори за мерење на точни маси за аналогните планети на Земјата“, велат научниците.