Годинава беше одбележана со сериозни хакерски напади и упади во системите на големи компании и јавни претприемачи.
За тоа во голема мера допринесуваат и самите корисници, вработени во компаниите, кои користат некои од најпопуларните шифри за логирање во системите.
Компанијата NordPass, секоја година објавува Awful Password List, листа во која се најбројните и најпопуларните, а со самото тоа и најлошите шифри кои се пробиени и кои се употребени за хакерски напади, пренесува PC Press.
На прво место, како најпопуларна шифра е 123456. По неа следи нешто покомплицирана шифра 123456789, а на третото место нешто поскратена верзија, 12345. На хакерите кои користат бруто-форс техника, за разбивање на ваквите шифри им се потребни само неколку секунди.
Првите 20 места на листата ги завземаа следните шифри:
– 123456
– 123456789
– 12345
– qwerty
– password
– 12345678
– 111111
– 123123
– 1234567890
– 1234567
– qwerty123
– 000000
– 1q2w3e
– aa12345678
– abc123
– password1
– 1234
– qwertyuiop
– 123321
– password123
Според NordPass, овие шифри можат да се разбијат за помалку од една минута, а првите неколку и за помалку од една секунда. Од компанијата навеле дека забележлив е тренд овие шифри да се сè послаби и корисниците да не обрнуваат премногу внимание на нив. Важно им е лесно да бидат запамтливи, отколку да им бидат сигурни.
Тоа создава дополнителна главоболка во ИТ секторот, кој мора да посвети многу повеќе време на едукација на своите корисници, кои сè повеќе време поминуваат онлајн и чиј дигитален идентитет станува сè поважен, а сè полошо заштитен.
Комплетната листа на најлоши пасворди можете да ја погледнете на следниот линк: