Најосамената точка во светот е во Тихиот океан и ја нарекуваат гробишта на вселенските летала

Најосамената точка во светот е во Тихиот океан и ја нарекуваат гробишта на вселенските летала

пред 2 години

Точка во Тихиотокен која го добила името „океански пол на непристапноста“ е најосамената точка во светот.

Станува збор за замислена точка која го добила името „Поинт Немо“. Името го добила од загрепски геодет и математичар Хрвоје Лукатела кој ја открил во 1992 година.

Инспириран од ликот на капетан Немо од романот „20.000 милји под морето“, Хрвоје сметал дека името кое во превод значи „никој“, совршено одговара на најоддалеченото место од копното на Земјата. Научникот лично не го посетил овој дел од Земјата туку ја пресметал неговата позиција со помош на технологијата.

А, колку е само оддалечена потврдува податокот што „Поинт Немо“ поблиска им е на научниците од Меѓународната вселенска станица отколку на копното.

Астронаутите така се наоѓаат на 416 километри оддалеченост, што е поблиску од копното Антарктикот којшто е оддалечен 2.700 километри од оваа точка.

Денес ова подрачје се смета и за гробишта на вселенските летала. Во Немо погребани се меѓу 250 и 300 вселенски летала кои со поголем дел изгореле при влегувањето во атмосферата на Земјата. Поточно, тука вселенските агенции ги испраќаат своите летала во смрт каде ја завршуваат својата служба. Меѓу најпознатите е руската вселенска станица Мир, активна од 1986 до 2001 година.

Единствените луѓе кои успеале да се приближат до оваа осамена точна биле учесници на Океанската трка со јахти која се одвива секоја година. Тие бестрашно пловат низ некои од најстудените и најдивите води, а идната трка закажана е за во октомври годинава.

Интересот за посета на овој дел е мал затоа што бара неверојатно многу голем труд, а не ве очекува ништо спектакуларно, само вода.

Share
Scroll to Top