Најпроблематични љубовни комбинации во хороскопот

Најпроблематични љубовни комбинации во хороскопот

пред 3 години

Според астролозите, овие комбинации во хороскопот немаат никаква перспектива. Тие буквално си го трошат времето еден на друг

Лав и Шкорпија – рецепт за пропаст

Лавот е лидер, крал на неговиот живот и водач на неговата глутница. Достоинствен, но во исто време и најсуров знак. Ако неговиот партнер е Шкорпија, тогаш тоа е рецепт за пропаст. И двата знака се неверојатно силни, имаат брутален картакер и напаѓаат кога се чувствуваат загрозени без да размислат.

Лавот има интелектуална суровост, Шкорпијата свој отров, кој останува долго во нејзините вени. Судирот на овие два знаци е буквално борба за живот.

Овен и Рак – неуспешна инвестиција

Овенот, поради својата импулсивност и пионерски карактер, во суштина е соло играч. Тој дава многу, но и многу очекува. Отворен е и страстен, јасно и прецизно го кажува своето мислење. Штом Овенот ќе се сврти и ќе замине, тој никогаш не се враќа.

Овенот е силен, груб, свој, со брзи реакции. Ракот е нежен, сензуален, доволен е еден груб збор од Овенот за да го повреди. Тогаш чувствува болка, се повлекува и трпи. Овенот не го чувствува тоа, му пречи повлекувањето на Ракот, па полека се оддалечуваат еден од друг и нивната брачна приказна завршува.

Шкорпија и Риби – има бруталност

Шкорпијата е брутална со својата интуиција и силна до срж со своите љубовни и сексуални емоции. Таа е непобедлива. Рибата е сонувач, која често е во својот свет и во сопствените мисли и за неа не е чудно да лаже. Кога Шкорпијата ќе го почувствува тоа, следи директен напад, и емотивен и вербален. Со овој пристап, Шкорпијата буквално емотивно и морално ја растргнува Рибата.

Share
Scroll to Top