На аукција продаден мерцедесот на Елвис Присли

На аукција продаден мерцедесот на Елвис Присли

пред 3 години

Мерцедесот на легендарниот музичар и крал на рокенролот Елвис Присли, беше продаден на аукција на сајтот Bring a Trailer, за цена од 288.888 долари.

Елвис мерцедесот го купил во 1970 година, а по неговата смрт, возилото завршило во неговиот музеј. Во меѓувреме тој променил неколку сопственици, а еден од нив, во текот на деведесетите години, вложил доста во него.

Освен внатрешниот луксуз кој го имало ова возило, истото е опременето за своето време со напредни хидраулични суспензии. Возилото има голем мотор V8, опремнина од 6,3 литри со 250 коњски сили, кои му овозможуваат на ова возило да се движи со бризна од над 200 километри на час.

Елвис во својот живот поседувал два мерцедеси 600, од кои едниот бил продаден во 2010 година, за цена од 187.000 долари. Една деценија подоцна, на аукција му бил продаден и другиот, за речиси 100.000 долари поголема цена.

Легендарниот мерцедес – бенз 600 го обожавале бројни државници, особено диктатори, но и прилично голем број на славни личности. Престижната лимуѕина, од Maybach S класата, се произведувала во периодот од 1963 година до 1981 година.

Во тој период од фабриките излегоа 1677 автомобили во неколку верзии. Мерцедес 600 во своите гаражи, меѓу останатите го имале и Елизабет Тејлор, Коко Шанел, Џек Николсон, Хју Хефнер, Џон ленон, Џорџ Харисон, Ерик Клептон и Дејвид Боуви.

Станува збор за врвен опремен луксузен автомобил, кој зависно од желбата на купувачот, можел да достигне цена од 50.000, па сè до 170.000 тогашни германски марки.

Share
Scroll to Top