НБА ѕвездата Малик Бизли ги исфлил сопругата и синот од дома, за да биде со љубовницата

НБА ѕвездата Малик Бизли ги исфлил сопругата и синот од дома, за да биде со љубовницата

пред 3 години

НБА ѕвездата на Минесота, Малик Бизли, ги исфрлил сопругата и синот од дома, за да биде со неговата љубовница Ларса Пипен, позната во јавноста како поранешната сопруга на легендата на Чикаго, Скоти Пипен.

Сопругата на Малик, Монтана поднела барања за развод, а нејзините адвокати во јавноста излегоа со информација дека младиот кошаркар не се придржува до договорот за плаќање на алиментација за нивниот син.

Тие за US weekly изјавиле дека Бизли ја исфрлил од куќата, неговата сè уште законска сопруга, заедно со синот и дека за негово издржување дал само 800 долари, иако месечно заработува 15 милиони долари.

Тие додале дека во моментов Монтана живее кај нејзините роднини и дека така ќе остане додека не застане на свои нозе и не и се врати на старата кариера како модел, која ја запоставила поради семејниот живот, пишува „Republicworld.com”.

Дваесет и тригодишната Монтана Јао го напуштила семејниот дом пред десеитна дена со синот Макаиј, а од Бизли не добила ниту извинување.

За потсетување, Малик Бизли во повеќе наврати ги има полнето светските таблоиди, но не само поради неговиот талент и спортскиот успех, туку и поради бурниот приватен живот.

Share
Scroll to Top