Пејачката Ребека Јанковска-Ристески и претседател на здружението „Дајте ни крилја“ со емотивен статус, се потсети на еден од најболните моменти од нејзиниот живот.
Таа напиша дека вечно ќе им биде благодарна на Господ и Св. Лазар, затоа што на овој ден, пред десет години нејзиниот најстар син Маркијан се разбудил, откако претходно доживеал епилептичен напад.
Маркијан е дете кое боледува од ретка болест – туберозна склероза. Ребека во интервју за „Репортер“ ни раскажа како се соочуваат дома, заедно со нејзиниот сопруг Мики во растењето и воспитувањето на Маркијан.
Пејачката преку здруженето „Дајте ни крилја“ и Алијансата за децата со ретки болести, но и „Балот на различности“ е сè погласна во намерите да им се помогне на децата како нејзиниот син, кои реално се соочуваат со низа слични проблеми.
Денот започна како и сите претходни денови. Дали ќе помине денот без ниту еден епи напад?! Некој вирус се беше вгнездил…
Posted by Rebeka Jankovska Risteski on Saturday, April 24, 2021