Неврохирург се сомнева дека Боб Сагет е убиен: За таква повреда, потребна е бејзбол-палка

Неврохирург се сомнева дека Боб Сагет е убиен: За таква повреда, потребна е бејзбол-палка

пред 3 години

Познатиот актер и комичар Боб Сагет почина минатиот месец, а пред неколку дена се потврди дека причина за смртта била повреда која тој не ни ја забележал. Според извештајот од обдукцијата, Сагет паднал наназад и се удрил во задниот дел од главата, а неговата смрт е прогласена за несреќен случај.

Но сега експертите велат дека сигурно ударот сигурно бил многу посилен отколку што се мислело, пренесуваат странските медиуми. Еден од нив е и неврохирургот Сањај Гупта, кој се прашува колку темелно била истражена неговата смрт и што предизвикало толку тежок удар во главата.

„Мислам дека обдукцијата открива многу повеќе и дека тоа не бил само невин удар во главата. Кога ќе ги прочитате извештаите од обдукцијата, можеби изгледа така, но тоа бил позначаен удар во главата. Потребна е голема сила за да толку се оштети черепот. Судејќи според сè, лицето кое има повреда како Сагет требало да падне низ скали или можеби дури да го удри и автомобил. За жал никогаш нема да дознаеме што точно се случило. Можам само да кажам дека за таква повреда е потребна безбол палка“, изјавил неврохирургот за Си-Ен-Ен.

По ова, тој предизвика бројни теории на заговор на Твитер, па многу фанови веруваат дека Сагет е убиен и дека полицијата треба темелено да ја истражи неговата смрт.

„Морам да признаам дека смртта на Боб Сагет со екстремна траума на черепот и повреди на коскената орбита, како што е соопштено, веднаш покрена сомнеж за убиство“, „Кој го уби Боб Сагет?“, „Боб Сагет беше убиен“, се само некои од коментари на корисниците кои не се убедени дека извештајот од обдукцијата е вистинит.

За потсетување, семејството на комичарот преку соопштението кое го испрати пред неколку дена, изјави дека е „констатирано дека случајно се удрил во задниот дел од главата, помислил дека не е ништо опасно и заминал да спие“. А обдукцијата потврдила дека во моментот на смртта, Сагет немал опојни средства во крвта.

Share
Scroll to Top