Таткото на снимателката Халина Хачинс, која ненамерно ја уби Алек Болдвин за време на филмскиот сет, рече дека глумецот не е одговорен за нејзината смрт. Украинецот Анатолиј Андросовиќ, се огласи за првпат по трагедијата која се случи за време на снимањето на филмот „Рѓа“ во Ново Мексико.
Андросовиќ рече дека тој и семејството се скршени од страшната трагедија која ги задесе, но, исто така не го обвинуваат Болдвин за тоа.
„Сè уште не можеме да веруваме дека Халина е мртва. Мајка ѝ полуде од тага. Но, не го обвинуваме Алек за одговорен. Одговорноста е на оние кои ракуваат со реквизити и оружје“, рече Андросовиќ и додаде дека Болдвин бил во постојан контакт со сопругот на Халина, Метју.
Анатолиј во моментов со сопругата Олга и другата ќерка Светлана заминаа за САД, каде треба да се видат со сопругот на Халина и нејзиниот син 9 годишниот Андрос.
„Мојот внук е силно погоден. Изгубен е без мајка му“, рече Андросовиќ
Алек Болдвин дојде на комеморацијата на убиената снимателка заедно со нејзиниот син и сопруг