Новата ракета на Илон Маск експлодираше при слетувањето

Новата ракета на Илон Маск експлодираше при слетувањето

пред 3 години

Прототипот на новата ракета на „СпејсЕкс“, на Илон Маск, експлодираше при слетувањето, откако имаше успешно полетување од полигонот на компанијата во Тексас. Ракетата „Старшип“ беше целосно уништена, а Маск претходно предупреди дека очекуваат ракетата да експлодира. Тој откри и дека е задоволен од направениот тест, во кој ракетата на кратко достигна височина од 12,5 километри.

„Од оваа демонстрација ги добивме сите информации што ни требаа. Марс, ние доаѓаме!“, напиша тој на „Твитер“.

Маск има големи очекувања од ракетата „Старшип“, за која вели дека е иднината на неговата компанија. Таа треба да превезува луѓе и товар во орбитата, а Маск се надева дека со неа ќе може да се патува и до Месечината и на Марс.

Конечната верзија на „Старшип“ ќе биде висока 120 метри. Овој инцидент нема многу да ги попречи плановите на Маск, кој има подготвено уште неколку прототипови.

Share
Scroll to Top