Нов Зеланд повторно дозволени оргии но само до 25 луѓе, премиерката со хумор ги објасни новите мерките

Нов Зеланд повторно дозволени оргии но само до 25 луѓе, премиерката со хумор ги објасни новите мерките

пред 2 години

Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн во интервју за локална станица изјави дека повторно ќе бидат дозволени оргии, според „семафор системот“ на мерки кој ќе започне да се применува во земјата, пренесува „Лед Бајбл“. Таа потврди дека жителите на Оукленд по изолацијата поради коронавирусот, ќе можат повторно легално да организираат најинтимни собири.

Ардерн објасни дека според системот сè е дозволено, од излегувања до оргии, но само ако во просторијата нема повеќе од 25 луѓе.

„Можам да потврдам дека врските на Тиндер се повторно отворени. Тоа не е баш строго вклучено во „семафор системот“, но, во црвено се дозволени до 25 луѓе“, рекла таа низ смеа.

Нов Зеланд се префрли на т.н. „семафор систем“ на мерки, заснован на тоа каде живеат луѓето, односно поделени се во три области: црвена, жолта и зелена. Ваквите мерки се воведени откако се појави најновиот сој омикрон, кој најверојатно е отпорен на вакцините. Премиерката изјави дека властите вредно работат на тоа да го спречат влегувањето на омикрон во земјата.

За потсетување, земјата имаше некои од најстрогите мерки против Ковид-19 во светот во текот на пандемијата и продолжи со строги рестрикции на границите.

Share
Scroll to Top