Норвешка донесе закон, инфлунсарките ќе мора да нагласат кога фотографиите им се со фотошоп

Норвешка донесе закон, инфлунсарките ќе мора да нагласат кога фотографиите им се со фотошоп

пред 3 години

Норвешките пратеници донесоа нов закон според кој инфлуенсерите и огласувачите ќе мораат да нагласат доколку некоја нивна фотографија е фотошопирана или филтрирана

Законот е донесен како резултат на повеќегодишни залагања на младински групи и министерството за деца и семејни работи, кои повикуваа да се воведат построги мерки поради растечката загриженост околу прикажувањето на телото и менталното здравје.

„Нè загрижува култура која креира социјална несигурност што придонесува за намалување на самодовербата. Со новиот закон, на реклами и спонзорирани објави на социјалните мрежи на кои карактеристиките на телото се изменети со фотошоп или филтри, тоа ќе мора јасно да се означи. Оние што нема да го направат тоа, ќе бидат казнети“, велат од министерството.

Како примери се наведуваат зголемените усни, нагласените мускули или стеснета половина.

Министерството за деца и семејни работи направи истражувањето при кое е откриено дека повеќе од половина од средношколките во Осло имаат некакви ментални проблеми, додека анорексијата е третата најчеста причина за смрт кај млади девојки.

Share
Scroll to Top