Обновата на Нотр Дам конечно може да почне, за што се исечени 1000 стари дабови дрвја

Обновата на Нотр Дам конечно може да почне, за што се исечени 1000 стари дабови дрвја

пред 3 години

Властите во Париз соопштија дека обновата на катедралата Нотр Дам во Париз, која изгоре пред две и пол години, конечно може да почне. За таа цел биле исечени 1000 стари дабови дрва. Градежните зафати ќе започнат зимава, откако ќе биде распишан тендер за избор на компании.

Голем дел од Катедралата изгоре во април 2019 година, по што претседателот на Франција, Мануел Макрон им вети на граѓаните дека истата ќе биде обновена и повторно отворена до 2024 година, кога Париз ќе биде домаќин на Олимписките игри.

„Целта е првата богослужба да се одржи на 16 април 2024, кога ќе бидат пет години од пожарот. Решени сме да успееме во тоа“, изјави Жан-Луј Жоржелан, шефот на државната служба за обнова на Нотр Дам.

Во пожарот настрадаа покривот и една од историските кули и катедралата ќе биде обновена според претходниот дизајн. За да се обнови 96 метри високата кула од 19. век, исечени се илјада стари дабови дрвја во сите региони на Франција.

Причината за пожарот досега не е точно утврдена, при што се шпекулираше со проблем во електричните инсталации и со фрлена цигара.

Share
Scroll to Top