Објавени се првите три епизоди од серијата за „Хари и Меган“ кои содржат снимки од нивната приватна архива

Објавени се првите три епизоди од серијата за „Хари и Меган“ кои содржат снимки од нивната приватна архива

пред 2 години

Долгоочекуваниот документарен серијал конечно излезе на платформата Нетфликс, а по првите три епизоди секој четврток ќе излегуваат нови.

dobivaj vesti na viber

По објавувањето на трејлерот на Нетфликс сега се објавенi првите три епизоди од документарната серија „Хари и Меган“.

Епизодите кои траат повеќе од еден час се фокусираат на почетоците на врската меѓу принцот Хари и Меган Маркл, кои деновиве се во центарот на вниманието.

„Ова е приказна од прва рака за Хари и Меган, која содржи досега невидена снимка од нивната приватна архива, е воведната реченица од првата епизода.Заедно со воведната реченица пишуваше дека сите интервјуа биле завршени пред август 2022 година, што можеби значи дека сакале да покажат дека серијата е снимена пред смртта на кралицата Елизабета Втора во септември. Хари и Меган беа критикувани од јавноста бидејќи документарецот беше објавен веднаш по погребот.

Веднаш на почетокот на првата епизода, Хари се слуша како вели дека е загрижен за безбедноста на своето семејство и додава,се работи за должност и услуга и иако се чувствувам како дел од ова семејство, моја должност е да ја разоткривам експлоатацијата и поткупот што се случува во нашите медиуми.

Share
Scroll to Top