Одев на пет терапии дневно по разводот, Адел прозборе за нејзиното ментално здравје

Одев на пет терапии дневно по разводот, Адел прозборе за нејзиното ментално здравје

пред 2 години

На нејзиниот последен концерт во Лас Вегас, Адел пред обожавателите зборуваше за своето ментално здравје. Пејачката откри дека повторно разговара со терапевт првпат по разводот од поранешниот сопруг Сајмон Конецки во 2019 година.

„Повторно почнав да одам на терапија затоа што немав одено неколку години. Морав да почнам. Во периодот кога се разведував одев на пет терапии дневно. Но престанав да мислам дека јас сум одговорна за сопственото однесување и за работите кои сум ги кажала“, призна таа.

Британската пејачка им откри на своите обожаватели дека и е потребна терапија за да може да се претстави најдобро што може во претстојните емисии и додаде дека сега има намера секоја недела да работи на себе.

„Мојата терапија оваа недела беше навистина интересна. Се работеше за овие мои концерти. Секогаш сум многу емотивна. Обожавам да правам музика, но има нешто во изведувањето во живо што всушност ме плаши и ме исполнува со страв”, беше искрена Адел.

Да потсетиме, по повеќекратните одложувања во ноември, Адел во хотел во Лас Вегас го започна циклусот на настапи наречен „Викенди со Адел“, кој ќе трае до март. Таа неодамна одржа концерт кој, како што пренесуваат медиумите, бил магичен.

Share
Scroll to Top