Од здравствен проблем до нов кмиџ Ед Ширан со избричена глава и нова енергија

Од здравствен проблем до нов кмиџ Ед Ширан со избричена глава и нова енергија

пред 2 часа

Британскиот музичар Ед Ширан откри дека изминатиот месец поминал низ сериозен здравствен предизвик, откако се соочил со херпес зостер – болна вирусна инфекција која може да предизвика силна непријатност и осип.

Пејачот веста ја сподели преку социјалните мрежи, нагласувајќи дека состојбата била тешка, но дека веќе е во фаза на опоравување. „Имав херпес зостер во последниот месец. Не го препорачувам, но сега сум подобро“, напиша Ширан, кој со искреноста повторно ја доби поддршката од своите фанови.

херпес зостер е инфекција предизвикана од истиот вирус што ги предизвикува овчите сипаници, кој останува во организмот и може повторно да се активира по години. Иако не е животозагрозувачка, болката што ја предизвикува често е интензивна и долготрајна.

Покрај здравствениот предизвик, Ед Ширан направи и драстична промена во изгледот – ја избричи главата, што, како што самиот објасни, има симболично значење. „Сакав нов почеток. Имам многу нови работи во животот“, порача тој.

По двомесечна пауза, пејачот се подготвува за враќање на сцената, а неговата турнеја ќе продолжи со настапи во Латинска Америка, почнувајќи од Доминиканска Република.

Во меѓувреме, Ширан откри и добра вест од приватниот живот – неговата сопруга Чери Сиборн успешно закрепнува по операција за отстранување тумор.

И покрај тежок период, Ед Ширан испраќа позитивна порака – нов почеток, нов изглед и враќање на сцената со уште поголема енергија.

Share
Scroll to Top