50 години „Златно славејче“ денес беше вистинско освежување во салата „Борис Трајковски“, каде по две години од пендемијата се отпеаја 14 нови песни.
Интересно беше што овој пат настапија 13 девојчиња и само едно машко. Водител беше Марко Новески. За јубилејот на славечето се слушнаа и рефрените на “Дувна ветре развигорче“, “Ех тој Тоше“, “Рингишпил“, “Бонбонче“, „Мојата учителка“, “Никола Никола“ кои ги испеаја Дац и Александар.
“Мило ми е што пак се дружиме, со многу убава музика и оваа година. Златно славејче оваа година бележи 50 години од првиот фестивал и за овие години многу познати музичари настапиле на оваа сцена. Ама за 50 години на фестивалот поминале и над 1 милион посетители”, рече Марко на почетокот на фестивалот, кој и овој пат ги спои генерациите.
Пред бината имаше многу деца кои играа, некои сами, некои со родителите. Во публиката беа и познатите фаци, како поп-пејачката Тамара со децата, екс-фудбалскиот селектор Игор Ангеловски- Мрме со ќерката.
На среде фестивал на видео бим пуштија песна од Влатко Илиевски кој долги години беше водител на детскиот фестивал и за цело време одеа негови фотографии. Имаше гости од од Романија, Албанија и Бугарија кој настапија на фестивалот. На врата бараа сертификати и беше запазена дистанцата.