Брајан Додиен, поранешниот младински фудбалер на Јувентус, почина на 17 години по двегодишна борба со ракот.
Кога имал 11 години на Додиен му бил дијагностициран рак. Тогаш легендата на Јувентус, Пол Погба носеше маичка во знак на поддршка за младиот фудбалер. Додиен се врати на фудбалот во 2019 година во тимот на Јувентус до 15 години.
Веста за смртта на момчето ја сподели и Погба на Инстаграм.
„Најтажна вест. Моето сочувство на сите кои му беа блиски. Никогаш не е лесно да загубиш некој сакан и јас никогаш нема да го заборавам. Се бореше силно, беше храбар и пример на сите. Збогум, мој мал пријателе“, напиша Погба.