Отворено писмо од научниците: Потребна е нова истрага за потеклото на коронавирусот

Отворено писмо од научниците: Потребна е нова истрага за потеклото на коронавирусот

пред 4 години

„Светот не е поблизу до сознанието за потеклото на ковид-19, и покрај истрагата предводена од СЗО, од група светски експерти во Кина во јануари“, изјави еден од авторите на отвореното писмо, повикувајќи на нова истрага.

Отвореното писмо го потпишале 26 светски експерти, вклучително и Николај Петровски, експерт за вакцини на Универзитетот Флиндерс во Аделаида, Австралија.

„Во моментов, не знаеме ништо повеќе од пред една година“, рече Петровски.

Во јануари, тим научници избрани од Светската здравствена организација (СЗО) ги посетија болниците и истражувачките институти во Вухан, централна Кина, каде што за прв пат беше идентификуван коронавирусот, за да го откријат неговото потекло.

Но, мисијата се најде на удар на критичарите, а СЗО е обвинет дека многу се потпира на премногу политички компромитираните кинески податоци и на теренската работа.

Самите членови на тимот изјавија дека Кина не сака да споделува клучни податоци што може да сугерираат дека болеста се ширела со месеци пред да биде препознаена.

Во отвореното писмо се наведува дека мисијата на СЗО „немала мандат, независност или неопходен пристап да спроведе целосна, непречена истрага“ за теориите за потеклото на ковид-19.

„Сите претпоставки се уште се на маса, а јас допрва треба да видам барем делче од независни научни докази што би исклучило некои од нив“, рече Петровски.

Шефот на мисијата на СЗО, Питер Бен Ембарек, се чини дека ја исклучил можноста вирусот да „избегал“ од лабораторијата во Вухан.

Петровски, меѓутоа, смета дека нема никаква смисла да се исклучи било која можност, додавајќи дека целта на отвореното писмо е да покаже дека никој не го идентификувал изворот на вирусот и дека потрагата треба да продолжи.

“Мораме да бидеме отворени за се и ако отфрлиме некои претпоставки бидејќи ги сметаме за премногу чувствителни, тоа не е начин на кој науката функционира”, рекол Петровски.

Share
Scroll to Top