Откако ја откачија Карлеуша, Горан Бреговиќ е главна ѕвезда на „Тиквешки гроздобер“

Откако ја откачија Карлеуша, Горан Бреговиќ е главна ѕвезда на „Тиквешки гроздобер“

пред 2 години

Познатата манифестација „Тиквешки гроздобер“ во Кавадарци оваа година ќе се одржи од 9 до 11 септември. Минатиот месец како главни ѕвезди беа најавени Јелена Карлеуша и Харис Џиновиќ, но само по неколку дена беше откажан настапот на Карлеуша поради реакциите на јавноста. Во јавноста се шпекулираше дека ќе настапат неколку македонски и балкански пејачи кои ќе ја заменат Карлеуша, а сега  официјално е потврдено дека ќе настапи Горан Бреговиќ со неговиот оркестар.

dobivaj vesti na viber

В петок, на 9 септември, на програмата се диџеји, а во сабота на градскиот плоштад ќе настапат Игор Џамбазов и „Гуру Харе“, Огнен Здравковски и Харис Џиновиќ. Настапот на Бреговиќ е на 11 септември, а пред него ќе настапат „Амадеус Бенд“.

Во претходните години, освен во пандемијата кога не се одржуваше, за три дена имало над 120.000 посетители, а се продавале над 30.000 литри вино.

Share
Scroll to Top