Српската пејачка Славица Чуктераш вчера била итно пренесена во болница, откако се здобила со повреда на окото, пишуваат српските медиуми.
Пејачката итно отишла на лекар, каде била детално прегледана и упатена на болничко лекување. Извор близок до неа вели дека со повредата се здобила во нејзиниот дом и дека сега е сместена во Клиничкиот центар за болести на окото во Војводина во Нови Сад.
Таа ќе остане таму во наредните неколку дена каде ќе и бидат направени детални испитувања.