Били Џо Амстронг пејачот на американската група Грин Деј најави дека ќе се откаже од американското државјанство и ќе се пресели во Англија бидејќи е многу револтиран затоа што Врховниот суд ја поништи пресудата со која се легализираше правото на абортус.
var ai_script = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_viewport (ai_script [ai_script.length – 1]);
Пејачот ја коментираше одлуката пред публиката на концертот на бендот во Лондон.
Армстронг е фронтмен на Грин Деј од 1987 година. Тој е меѓу бројните либерални познати личности кои изразија гнев поради одлуката на Врховниот суд да го отфрли случајот на Ро против Вејд. Пресудата ефикасно стави крај на признавањето на уставното право на абортус и им даде на поединечните држави овластување да ја дозволат, ограничат или забранат оваа практика целосно.
Ова не е првпат Армстронг да изрази револт кон САД. Во хит песната Грин Деј од 2004 година од истоимената група, бендот ги осуди американските медиуми. Армстронг јавно зборуваше дека не е поддржувач на политиката на поранешниот претседател Доналд Трамп.