Пике и Клара Чиа тужат шпански фотограф поради малтретирање

Пике и Клара Чиа тужат шпански фотограф поради малтретирање

пред 1 година

Пензионираниот фудбалер Жерар Пике и неговата девојка Клара Чиа Марти решија да го тужат фотографот Жорди Мартин за малтретирање.

Двојката е снимена како ја напушта судницата, а фотографот наводно бил тужен поради постојано следење. Од судијата побарале и забрана за приближување. Како што пишуваат шпанските медиуми, фотографот не смее да им се приближи на три километри.

Инаку, медиумите на Клара и понудија милион долари за фотографија во костим за капење, како што пишува Essentiallysports. Папараците веќе се обидоа да ја фотографираат во вакво издание, но неуспешно.

Да потсетиме дека Џерард беше во брак со пејачката Шакира, а раскинаа по 11 години врска кога тој ја изневеруваше со Клара. Инаку, двојката има две деца, Милан (10) и Саша (8), а Шакира неодамна со нив се пресели од Барселона во Мајами.

Share
Scroll to Top