Пијани јапонски астрономи испратиле сигнал во вселената пред 40 години па сега очекуваат од вонземјаните повратен одговор

Пијани јапонски астрономи испратиле сигнал во вселената пред 40 години па сега очекуваат од вонземјаните повратен одговор

пред 9 месеци

Двајца јапонски астрономи Масаки Моримото и Хисаши Хирабајаши, пред 4о години испратиле радио сигнал кон ѕвездата Алтаир,, а тим јапонски научници од Универзитетот Хјого, сега велат дека очекуваат да добијат повратен одговор од вонземјани.

Од тимот јапонски научници на чело со Шинја Нарусава, рекоа дека конечно имаат можност да докажат дека не сме сами во Универзумот.

Како што пренесува „Дејли мејл“, Моримото и Хирабајаши, пред 40 години испратиле радио сигнал кон ѕвездата Алтаир која е оддалечена 16,7 светлосни години од Земјата. Го користеле телескопот на американскиот Универзитет Стенфорд.

Сакале да добијат одговор од која било од планетите кои орбитираат околу ѕвездата. Сигналот испратен од Моримото и Хирабајаши на 15 август 1983 година содржел 13 цртежи спакувани во радио сигнали.

Цртежите ја прикажуваат еволуцијата на животот на Земјата, од едноклеточни организми, преку риби и влекачи, па сè до мајмуните и луѓето. Со надеж дека ќе добијат одговор, тимот предводен од Нарусава користел антена со дијаметар од 64 метри наречена Длабокиот вселенски центар Усуда.

„Уште во деведесеттите па до денес се откриени голем број егзопланети кои орбитираат околу други ѕвезди. Можеби постои планета која орбитира околу ѕвездата Алтаир чија атмосфера може да го поддржи потеклото на животот“, вели Нарусава.

Ѕвездата Алтаир се наоѓа во соѕвездието Орел и е една од најсветлите на ноќното небо. Досега не е откриена планета која орбитата околу неа. Според извештај од 2008 година, двајцата јапонски астрономи Моримото и Хирабајаши дошле на идеја откако испиле премногу.

Според нивните првични пресметки, одговорот на вонземјаните требало да стигне уште во 2015 година.

 

Share
Scroll to Top