Еден млад човек од Велика Британија се опил и го сменил името во Селин Дион. 30-годишникот беше Томас Дод пред официјално да го смени името во Селин Дион, е голем обожавател на канадската пејачка. Тој вели дека испил премногу за Божик додека го гледал концертот на пејачката на Јутјуб и тогаш најверојатно ја добил идејата.
Промената на името преку апликацијата го чинела 89 фунти, но Селин купил дополнителни осум сертификати за по 10 фунти во случај некој да не му верува.
„Малку сум опседнат со неа, нема да лажам. Сега само молам да не ме застане полиција затоа што тоа може да биде чудно“, се пошегува тој.
Тој откри дека и неговата мајка не била среќна. „Јас и објаснив дека може да биде полошо и дека можев да бидам Борис Џонсон. Имаме среќа што нема концерти“, додава тој.
Tier 4 is the least of my worries – I’ve just got home to some post. Apparently at some point over Christmas I’ve had one too many vinos and legally changed my name to Celine Dion! pic.twitter.com/ZchXWiqhUw
— Celine Dion (@ThomasDodd1) December 30, 2020