Состојки:
- 100 гр путер + 2 лажици
- 200 гр шеќер
- 2 јајца
- 200 гр брашно
- 1 лажичка прашок за пециво
- 1 лажичка сода бикарбона
- 1/2 лажичка сол
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 200 гр павлака
- 50 гр шеќер
- 1/2 лажичка цимет
- 50 гр кафеав шеќер
- 50 гр ореви
Подготовка:
* Изматете 100 гр путер со 200 гр шеќер и додајте две јајца (едно по едно), постојано мешајќи. Просејте 200 гр брашно со 1 лажичка сода бикарбона, 1 лажичка прашок за пециво и половина лажичка сол.
* Во изматената смеса се додава подготвеното брашно (лажица по лажица) и наизменично се додава по една лажица павлака, додека не се потрошат 200 гр павлака.
* Во посебен сад изматете 50 гр путер со 50 гр кафеав шеќер, додадете 50 гр сечкани ореви, една лажичка екстракт од ванила и половина лажичка цимет во прав.
* Намрсете ја тавата со путер, истурете половина од смесата за колачот, посипете со мешавина од ореви и путер и потоа истурете го остатокот од тестото. Одозгора наросете го остатокот од оревите и путерот и печете во рерна на 170С околу 45 минути.