Покојничка оживеала па почнала да тропа од ковчегот среде погреб

Покојничка оживеала па почнала да тропа од ковчегот среде погреб

пред 2 години

Роза Изабела Сеспедес Калак успеала да се спаси во последен миг пред нејзиното семејство да ја закопа. Тие ја слушнале како почнала да тропа и сфатиле дека е жива. Таа требала да биде погребана на 26 април во градот Ламбејеке во Перу.

dobivaj vesti na viber

Откако доживеала сообраќајка, лекарите потврдиле дека е мртва, пренесе „Мирор“. Роднините го носеле нејзиниот ковчег низ гробиштата, кога одеднаш ги слушнале звуците и тропањето од внатре. Откако го отвориле ковчегот, ја виделе Изабела жива.

Чуварот на гробиштата Хуан Сагундо Цајо рече дека таа ги отворила очите и дека се потела. Тој веднаш повикал полиција.

 

 

Share
Scroll to Top