Полицијата во Кејп Таун уапси мајмун од видот бабун, кој неколку месеци крадел од домовите на луѓето во еден од посиромашните делови на градот.
Бабунот, кој прво барал храна во ѓубрето, почнал да влегува во градините и домовите. Тој бил виден најмалку 40 пати последните пет месеци во урбаните зони, а во февруари провалил во десет населени куќи.
Неколку стотици бабуни живеат околу Кејп Таун, а нивното присуство станува проблематично бидејќи можат да бидат агресивни во потрагата по храна.