Пензионираниот бразилски фудбалер Адријано (40) се разведе по 24 дена брак со фризерката Михаела Мескито (25). Тие неколку дена објавуваа заеднички фотографии на Инстаграм, а за еден викенд во ноември планираа забава за пријателите и семејството.
Сепак, според информациите на бразилските медиуми, Адријано и Мескито имале несогласувања откако поранешниот репрезентативец отишол да ги посети пријателите во јужниот дел на Бразил, за да го гледа натпреварот помеѓу Бразил и Швајцарија на Светското првенство во Катар. По два дена се вратил дома, настанала расправија и престанале да се следат на социјалните мрежи.
Адријано пристигна во Интер во 2001 година, а во следните пет години напредуваше до статусот на еден од најдобрите напаѓачи во италијанската лига. Сепак, следеше пад на формата, повреди и лични проблеми. Тој признал дека станал зависен од алкохол, во кој нашол утеха откако татко му починал. Тој официјално ја заврши кариерата во 2016 година.