Поранешната на Ед Ширан, ќе се мажи за негов двојник

Поранешната на Ед Ширан, ќе се мажи за негов двојник

пред 3 години

Поранешната девојка на пејачот Ед Ширан, Атина Андрелос ќе се мажи за негови двојник Ник, пишуваат британските медиуми. Ед и Ник си личат многу. И двајцата имаат портокалова боја на коса и брада, коментираат нејзините фанови на социјалните мрежи.

Атина и Ник се свршија минатата година, а планираа и венчавка, но коронавирусот им ги поремети плановите. Двајцата планирале медениот месец да го поминат на Филипините, но морале да го откажат патувањето. Атина вели дека со нетрпение ја чекала оваа година за да се венчаат.

„Се наоѓаме на местото каде се свршимвме и на кое денес требаше да се венчавме. Ајде да те видиме 2021 година“, напишала таа на фотографијата со новиот свршеник.

Ширан и Атина се забавуваа во 2014 година, но прекинаа по година дена. Двајцата раскинаа по доделувањето на Brit Awards наградите, откако Ширан бил виден како лудува на една забава по свечената церемонија.

Share
Scroll to Top