Почина бас-гитаристот Роби Шекспир, основач на реге дуото „Слај и Роби“

Почина бас-гитаристот Роби Шекспир, основач на реге дуото „Слај и Роби“

пред 3 години

Бас-гитаристот Роберт Роби Шекспир од Јамајка, дел од регето на дуото „Слај и Роби“, почина во средата на 68-годишна возраст, соопшти тамошната министерка за култура Оливија Гранџ, пренесува странските медиуми.

Таа го нарече еден од големите музичари во земјата.

„Тажна сум и шокирана откако штотуку ја примив веста дека мојот пријател и брат, легендарниот басист Роби Шекспир починал“, изјави таа, без да ја прецизира причината за смртта, но додаде дека бил болен веќе некои време.

Роберт Ворен Дејл Шекспир е роден во Источен Кингстон во 1953 година. Важеше за инвентивен басист кој работеше со големи имиња од реге светот, како Боб Марли, Питер Тош и Грегори Ајзакс. Тој неколку пати се најде на листата на „најдобри басисти“, вклучувајќи ја и листата на списанијата „Ролинг Стоун“ на која се наоѓаат 50-те најдобри басисти на сите времиња.

Share
Scroll to Top