Почина Горан Гаврилов, сопственикот на познатото радио „Канал 77“

Почина Горан Гаврилов, сопственикот на радиото „Канал 77“

пред 3 години

Сопственикот на познатото радио Канал 77, Горан Гаврилов почина денеска на 54 годишна возраст. Тој почина како последица на како последица на кардиоваскуларни проблеми и по кратко време ја загуби битката со тешката болест.

Радио „Канал77“ почна со емитување на 4 октомври 1991 година, во Штип. По неколку месеци радиото официјално почна со емитување на сопствена програма.

Сè до 1995 година, Канал 77 работи како локално радио, кога во периодот од 1995—1997 година се гради мрежа за покривање на цела Македонија.

Гаврилов беше познат медиумски работник и прв човек на Асоцијаијата на приватни електронски медиуми во Македонија.

Share
Scroll to Top