Холивудската глумица Шерон Стоун сподели тажна вест дека починал нејзиниот внук Ривер Вилијам Стоун. Ривер, во септември требаше да наполни една година. Тој е син на братот на Шерон, Патрик. Глумицата неколку дена претходно откри дека момчето паднало во кома откако му откажале органите.
„8 септември 2020 година – 30 август 2021 година“, напиша таа покрај видеото што го објави на Инстаграм.
View this post on Instagram
Шерон која на почетокот на годината го крштеваше бебето, пред неколку дена објави слика од Ривер кој лежи на болнички кревет интубиран и опкружен со жици. Таа ги замоли обожавателите да се молат за него и за нејзиното семејство.
„Мојот внук и кумашинче Ривер денеска беше пронајден во неговата лулка откако неговите органи целосно му откажаа. Молете се за него. Потребно ни е чудо“, напиша тогаш Шерон.
„Ова ми го крши срцето“, „Плачам, многу ми е жал, Шерон. Беше прекрасно момче. Ти испраќам љубов тебе и на твоето семејство“, ѝ одговорија обожавателите и ѝ изразија сочувство.
View this post on Instagram