Почина Мајкл Константин, ѕвездата на филмот „Мојата голема дебела грчка свадба“

Почина Мајкл Константин, ѕвездата на филмот „Мојата голема дебела грчка свадба“

пред 3 години

Американскиот актер со грчко потекло Мајкл Константин почина на 94 години во неговиот дом во Пенсилванија.

Иако играше бројни улоги во текот на неговата долга кариера, Константин ќе остане запаметен по улогата на таткото Гас во хит-комедијата „Мојата голема дебела грчка свадба“.

Константин ја почнал својата кариера во њујоршкиот театар, а пред „Грчката свадба“ беше познат телевизиски актер, кој го играше режисерот Симур Кауфман во комедијата „Соба 222“. За таа улога двапати беше номиниран за наградата Еми, а ја освои еднаш.

Тој го снимил својот прв филм во 1959 година, „Последната милја“ и имал мала, но значајна улога во филмот „Хазардер“ година, со Пол Њуман во главната улога.

Од актерот на Твитер се збогува неговата филмска ќерка, актерката Ниа Вардалос.

„Мајкл Константин, таткото на нашето филмско семејство и вечен пријател. Глумата со него беше исполнета со љубов и забава. Секогаш ќе го ценам овој човек што го оживеа Гас. Ни даде толку смеа и сега заслужува пауза. Те сакаме, Мајкл“, напиша таа.

Share
Scroll to Top