По тешката несреќа Симон Ковел ќе ја напушти телевизијата

По тешката несреќа Симон Ковел ќе ја напушти телевизијата

пред 3 години

Поради тешката несреќа која му се случи уште во мај годинава, познатиот британски водител Симон Ковел (61) ќе ја напушти телевизијата. Тој работи како член во жирито на Икс Фактор и американското шоу Суперталент. Требаше да биде и во новата музичка емисија Walk The Line.

Но, поради тешката несреќа кога падна од електричен тротинет, во Малибу, сега тој сака да се повлече и повеќе време да помине со неговиот син Ерик и партнерката Лорен.

По несреќата Ковел беше опериран шест часа. Постоеше опасност да остане и парализиран и никогаш повеќе да не прооди. Потоа тој ретко се појавуваше во јавност.

„Се чувствувам како вистински среќник. Милиметри ме делеа од тешка повреда. Не заболев од корона, затоа што не можев да патувам“, рече тој по несреќата.

Во новата емисија Walk The Line (Одење по жица) ќе го замени Гери Барлов. Ковел нема да се појавува пред камери, но и понатаму ќе биде вклучен во продукција на емисијата.

 

Share
Scroll to Top