Натпреварот во лежење, што започна на 20 август, во Црна Гора, заврши, а победник е Дуда Алесиќ. Со ова е постигнат новиот новиот рекорд од 117 часа, а го постигнаа речиси сите тројца натпреварувачи кои до самиот крај се бореа за наградата од 300 евра.
„Победникот е Дуда Алексиќ со 117 часа, а само 5 минути порано стана Никола Бошковиќ и 115 часа издржа и Марко Вуќковиќ. Сите се морални победници. Ѝ честитаме на Дуда“, напишаа организаторите.
Претходниот рекорд беше 52 часа.
Натпреварот 10. пат по ред го организира црногорското Етно-село „Монтенегро“, оддалечено 34 километри од Никшиќ.