Еден од најпознатите светски парови, Џерард Пике и Шакира се разделија. Ова го тврдат некои од шпанските таблоиди кои пренесоа дека причината е неверство. Наводно Шакира го фатила Пике со друга девојка.
Тој веќе се иселил од нивниот заеднички дом и веќе некое време живее сам во стан во Барселона. „El Periodico“ пренесе дека повеќе соседи го виделе како ја напушта зградата и дека редовно излегува во ноќни клубови со неговите помлади соиграчи од Барселона.
„Фудбалерот претходно често можевме да го видиме во друштво на Шакира, но не и сега“, велат тие. Некои од фановите забележаа и дека и двајцата немаат споделено заеднички фотографии на „Инсгаграм“, веќе подолго време. Тоа не било случај во минатото.
Последната фотографија која Шакира ја објавила со Пике е од март. Некои тврдат и дека приказната за раскинувањето е поткрепена и со последната песна на Шакира „Te Felicito“ во која таа пее за маж кој ја изневерил и ја „скршил“ на илјада дела.
За потсетување, Пике и Шакира беа заедно 12 години и имаат две деца Милан и Саша. Тие се запознаа за време на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година.
Ќе ви се допадне
Би можело да ве интересира
(Фото) Маж се врза со ланци за тезгата на пазарот во Ниш ѝ не дозволи да му ја срушат
Кумановката Анастасија Павличек е најубавата тинејџерка на Мис Тин Галакси во Бугарија
„Да умреш од смеење“ нова претстава во Театар Комедија
Маж и жена од Шведска сакаат да го укинат хитот „Ласт Крисмас“, а видеото да заврши на депонија
(Галерија) Во Охрид се омажи ќерката на Дарио
(Видео) Мексиканка организирала томбола во која автомобилот, кој бил главната награда, го добил мајка ѝ таа тврди дека сè било регуларно

