По 15 години, се снима продолжение на „Луди ’70-ти“

По 15 години, се снима продолжение на „Луди ’70-ти“

пред 3 години

По 15 години ќе се снима продолжение на хумористичната серија „Луди ’70-ти“. Серијата овој пат ќе ја снима Нетфликс, под наслов „Луди ’90-ти“, а ја следи ќерката на Ерик (Тофер Грејс) и Дона (Лора Препон), Леја Форман која оди да ги посети нејзините баба и дедо налето. Леја ќе ја глуми актерката Кали Хаверда.

dobivaj vesti na viber

Во серијата ќе се појават и дел од старите глумци, но во епизодни улоги. Ештон Кучер и Мила Кунис, кои се запознаа на снимањето на серијата и сега се во брак, открија дека ќе ги репризираат своите улоги.

„Беше навистина носталгично да бидам на таа сцена. Истите луѓе, сите што го направија ‘Луди ’70-ти’, тоа беше прилично бизарно. Навистина беше смешно. Новата актерска екипа е феноменална“, рече Кучер откако сними неколку сцени.

Во „Луди ’90-ти“ ќе глумат и Куртвуд Смит и Дебора Џо Руп, кои пак ќе ги глумат Ред и Кити, родителите на Ерик.

 

Share
Scroll to Top