Пред Џони Деп стојеа телохранители додека Синатра страсно ме бакнуваше: Кеј Мос за средбата славниот пејач

Пред Џони Деп стојеа телохранители додека Синатра страсно ме бакнуваше: Кеј Мос за средбата славниот пејач

пред 3 години

Супермоделот Кејт Мос во најновото интервју за магазинот „Вог“, раскажува многу приказни од нејзиниот живот за кои претходно не зборувала во јавноста. Таа откри дека од дете го обожавала Френк Синатра и првпат прозборе за средбата со легендарниот пејач кој страсно ја бакнал, додека тоа го гледал нејзиниот дечко, Џони Деп.

Кога се случила средбата со Синатра, Кејт била на врвот на кариерата, па ја поканиле на роденденска забава на легендарниот пејач. Низ муабетот, таа се сеќава дека на журката отишла со актерот Џони Деп, но и дека тој не бил среќен што мора да оди на забавата.

„Мислев дека ќе се онесвестам кога го видов Синатра. И сега кога ќе се сетам на средбата, чувствувам возбуда. Тој славеше роденден, а јас бев со Џони. Седев на страна и пушев цигара. Во еден момент ме забележа и дојде да ме поздрави. Ги викна телохранителите за Џони да не може да ни пријде. Се сеќавам дека имаше чуден сјај во очите. Разговаравме кратко, па му го честитав роденденот. Тој ми ја извади цигарата од уста, ме бакна страсно и ми ја врати назад“, се сеќава Мос во интервјуто.

 

Share
Scroll to Top