Премиера на филмот „Синиот час“ на Ана Јакимовска

Премиера на филмот „Синиот час“ на Ана Јакимовска

пред 2 години

Утревечер во МКЦ парк кино ќе се одржи премиера на краткометражниот игран филм „Синиот час“ по сценарио и во режија на Ана Јакимска. Премиерата е закажана за 21 часот во рамките на Фестивалот на европски филм „Синедејс“.

dobivaj vesti na viber

„Синиот час“ е приказна за Петра, девојка од мало провинциски град, која живее и работи во Скопје каде успеала да се избори за своето место, да се
интегрира во урбаната средина и да се реализира на професионален план. Во обид да ги оствари своите соништа за иднината и на љубовен план, за време на
предновогодишната забава во компанијата во која работи, таа се впушта во романтична авантура со колегата кој ѝ се допаѓа. Во исто време во посета ѝ доаѓа нејзината мајка. Ова совпаѓање на настаните го става на тест односот помеѓу мајката и ќерката. Преку нивниот однос и внатрешните превирања на Петра, филмот го отсликува и судирот помеѓу два различни концепта на живеење, модерните текови на животот во Скопје и конзервативните убедувања на луѓето доселени од внатрешноста на земјата во транзициските 90-ти години од минатиот век.

Улогите ги толкуваат Наташа Петровиќ, Жаклина Стевковска, Дарко Набаков и Тамара Ристоска.

Share
Scroll to Top