„Преспав“ ќе се прикажува на филмски фестивал во Ниш

„Преспав“ ќе се прикажува на филмски фестивал во Ниш

пред 3 години

Хит-серијата „Преспав“ ќе биде прикажана на 56-от фестивал на актерски остварувања во српската кинематографија, „Филмски сусрети“. Серијата ќе се прикажува заедно со уште три серии од Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Станува збор за еден најреномираните филмски фестивали на Балканот, кој беше отворен на 21-ви август со филмот „Тома“, за познатиот пејач и композитор Тома Здравковиќ.

Доделена беше и наградата „Павле Вуисиќ“, која ја доби Љиљана Благојевиќ за исклучителен придонес на уметноста на актерството на филм.

Меѓу насловите кои публиката досега имаше можност да ги види се и „Нечиста крв“, „Жив човек“, „Единствен излез“, „Александар од Југославија“, „Пукотници во Марсеј“, а на 27 август, во киното „Синеплекс“ во Ниш, ќе бидат пуштени и двете најгледани епизоди од Преспав, „Елитен туризам“ и „Светски, а наш“.

Фестивалот ќе заврши в петок, на 27-ми август со свечено доделување на награди и прикажување на филмовите „Глумчиште“ за Зоран Радмиловиќ и „Бранител“.

Share
Scroll to Top