Престар е за улогата на Кен, изгледа како дедо: фановите за улогата на Рајан Гослинг во филмот „Барби“

Престар е за улогата на Кен, изгледа како дедо: фановите за улогата на Рајан Гослинг во филмот „Барби“

пред 2 години

Со пристигнувањето на новиот трејлер за филмот „Барби“, твитерџии коментира на Твитер, па кажаа дека не се воодушевени од изгледот на Кен.

Поконкретно, членовите на генерацијата Z сметаат дека Рајан Гослинг е премногу стар и на социјалните мрежи го обвинија 42-годишниот актер дека им го уништил искуството.

„Рајан Гослинг е премногу грд и стар за улогата на Кен. Жал ми е, но неговите брчки ме одложуваат од целото искуство”, напишал еден корисник на Твитер, додека друг се согласил „Требаше улогата да им ја дадат на Хенри Кавил или Крис Еванс“.

„Официјално е. Кен изгледа како 40-годишник кој има криза во средината на животот“, „Го сакам Рајан Гослинг, но не знам зошто изгледа толку старо. Не знам дали е неговата коса или неговиот тен, но му треба хидратантна крема“ и „Случајно направив скриншот од трејлерот и Кен личи на дедо Кен“, се дел од коментарите.

Но, некои застанаа во одбрана на актерот, како на пример твитерџија кој се пошегува дека и „вистинскиот Кен“ е 50-годишник, а имаше и такви кои со мем испратија порака до генерацијата Z.

Share
Scroll to Top