Принцот Хари ќе ја носи Меган на интимно бегство за нејзиниот 40. роденден

Принцот Хари ќе ја носи Меган на интимно бегство за нејзиниот 40. роденден

пред 3 години

Денес војвотката од Сасекс, Меган Маркл го слави својот 40. роденден, што предизвика бројни шпекулации во медиумите како таа и нејзиниот сопруг, принцот Хари, ќе го прослават овој ден.

Неодамна во медиумите се појави вест дека парот планирал забава за 65 луѓе во нивната вила, наводно организирана од страна на врвната планерка за венчавки, Колин Коуви. Но набргу веста беше демантирана од  „Пејџ сикс“, кој објави дека ваков настан нема да се случи.

„Пејџ сикс“ објави дека војводата и војвотката од Сасекс ќе заминат на интимно бегство кое го организирал принцот Хари.

Извори за порталот рекле дека Меган не планира да прави голема фешта.

Share
Scroll to Top