Принцот Чарлс би можел да се откаже од тронот, вели Џон Темпл, експерт за кралското семејство

Принцот Чарлс би можел да се откаже од тронот, вели Џон Темпл, експерт за кралското семејство

пред 4 години

Принцот Чарлс би можел да се откаже од престолот, по смртта на британската кралица Елизабета и да му го препушти истиот на неговиот син, принцот Вилијам.

Ова го вели Џон Темпл, експерт за кралското семејство, во својата книга „Живеење од државата“. Тој пишува дека Вилијам е подобар избор од Чарлс кога станува збор за предавање на круната.

Тој верува дека отстапувањето на Чарлс е мошне веројатно сценарио. Од друга страна, ваквиот негов потег би можел да значи нарушување на одржувањето на монархијата.

Прашањето кое тој го поставува во својата книга е дали Чарлс е прифатлив за позицијата крал. Според сите работи кои ги навел Темпл, Вилијам е многу подобар избор, затоа што зад себе има поубава приказна.

За разлика од неговиот татко, кој има пропаднат брак, го следат разни скандали и има тврди политички ставови, Вилијам е понеутрален и помирен.

„Таквата промена и прескокнувањето би можеле да бидат очајни за кралството, но од друга страна и ако не се направи ништо по тоа прашање, исто така би можело да биде штетно“, вели Темпл.

Во јавноста многу се зборува и шпекулира за тоа дали принцот Чарлс е подготвен да го отстапи своето место на тронот и да ја предаде круната на неговиот син. Неодамна се рашири и веста за големата кавга што се случила меѓу кралицата Елизабета и Чарлс.

Причината за расправијата бил алкохолот. Добро упатени извори потврдуваат дека Чарлс веќе одамна ја имал изгубено мерката за алкохол во денот. Во последно време ситуацијата се влошила, нешто што ѝ пречело на кралицата.

„Толку стана зависен од алкохолот, што секое утро го почнува со една доза џин-мартини за појадок. Тоа никогаш не го правеше претходно. Сега е пијан по секој  појадок. Кралицата го предупреди за ваквиот проблем и сите се загрижени. Ако не се доведе за брзо време во ред, кралицата му се закани дека ќе го натера да посетува клиника за одвикнување“, вели извор близок до кралското семејство.

Share
Scroll to Top